ЕК почна со мониторинг на владеење на правото во земјите-членки на ЕУ

Европската Комисија (ЕК) ги објави првите извештаи за состојбата со владеење на правото во земјите-членки на Европската Унија (ЕУ) со цел промовирање на „култура на правната држава”, јави дописничката на МИА од Брисел.

Европската Комисија првпат ќе ги набљудува и своите земји-членки, а не само земјите кандидати и партнери. Извештаите се фокусираат на четири клучни аспекти поврзани за владеење на правото – правосудни системи, антикорупциски рамки, слобода на медиуми и институционални механизми за демократски надзор.

Иако нема ништо непознато за јавноста во содржината на овие извештаи, целта, смета ЕК, е да се има сеопфатен преглед на состојбата во сите земји членки на Унијата.

– Овие извештаи ќе бидат корисни за разговорите, ќе ни овозможат да преземеме нов чекор во промоцијата на културата на правната држава и треба да се разгледаат темелно. Секогаш сум сметал дека не треба да се ограничиме само на некои земји-членки, туку треба сите да бидат еднакви. Ако во ЕУ не се почитува владеење на правото,, како може ЕУ да биде кредибилна кога зборува за своите вредности пред земјите кандидати, изјави еврокомесарот за правда, Дидие Рејндерс.

Владеење на правото, за ЕК, е темелот врз кој почива ЕУ и може да го загрози нејзиното постоење. Прашањето за владеење на правото се појави откако ситуацијата значајно се влоши во Унгарија и во Полска, но ЕУ досега не успеа да изнајде начин за справување со прашањето без да предизвика тензии со Будимпешта и Варшава.

Германија, која до крајот на оваа година ќе раководи со ЕУ, ќе организира две дебати за владеење на правото во ЕУ. Во октомври ќе се одржи општа хоризонтална дебата, а во ноември ќе бидат разгледани специфичните препораки земја по земја.

Прочитајте и...  Индија: Повеќе од 53.000 заразени за еден ден

Поврзани вести

Цел спрат од новото болничко крило во Струмица ќе стане регионален ковид-центар

Слободен печат

Австрија со рекорден број новозаразени, повеќе од 3.000 за еден ден

Слободен печат

Тачи: Сега е време Косово да стане членка на Обединетите нации

Слободен печат

Словачка воведе нови мерки за ограничување на движењето на луѓето

Слободен печат

Во САД рекордни над 83.700 новозаразени од Ковид-19 од почетокот на епидемијата

Слободен печат

Завршува јавниот повик за субвенции за инвертери, досега поднесени 5000 барања

Слободен печат

Остави Коментар