ЕК по аферата „Мафија“: Неисполнување на критериумите може да доведе до укинување на безвизниот режим

европски парламент европа знамиња европски знамиња на европа
Знамиња на земјите-членки на ЕУ / EPA-EFE/PATRICK SEEGER

Европската Комисија не го коментира случајот со фалсификуваните пасоши од Северна Македонија, но потсетува дека редовно врши ревизија на критериумите за безвизен режим, јави дописничката на МИА од Брисел.

Откако се појавија шпекулации во јавноста дека Северна Македонија би можела да го изгуби безвизниот режим со ЕУ поради фалсификуваните пасоши во МВР, од Европската Комисија потсетуваат дека безбедноста на личните документи е клучна.

– Она што можеме да го кажеме е дека прашањето за безбедноста на документите е еден од условите за либерализација на визниот режим, според кој земјите ослободени од визи имаат обврска да ги усвојат и имплементираат соодветните административни мерки, одговорија за МИА од портпаролската служба на Европската Комисија.

Оттаму додаваат дека исполнувањето на условите за слободен визен режим се под постојан надзор, а до Парламентот и Советот секоја година се доставува извештај за состојбата со овие критериуми за секоја земја која е ослободена од визи со ЕУ.

– Врз основа на овие извештаи, Европската Комисија дава препораки. Неисполнувањето на условите може да биде основа за активирање на механизмот за суспензија на визите, но суспензијата на изземањето од визи не е автоматски процес. Комисијата мора да ги земе предвид сите можни последици од суспензија на визното изземање за надворешните односи на ЕУ и на нејзините земјите членки како и за ситуацијата со човековите права во земјите кои не се членки на ЕУ, дообјаснуваат од Европската Комисија.

Оттаму до моментот на објавување на оваа вест нема конкретен одговор дали било кои од критериумите за слободен визен режим е загрозен по аферата со фалсификуваните пасоши во Северна Македонија, МИА ќе објави дополнителни детали штом ги добие од Европската Комисија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот