ЕК: Одлуката за отворање на границите со Западен Балкан треба да ја донесат земјите членки

Минатата недела Европската Комисија препорача Европската Унија да ги отвори границите со западниот Балкан од први јули, за разлика од другите земји вон ЕУ, за кои рестрикциите за патување во Унијата треба да се укинат прогресивно.

И покрај зголемениот број на заразени со Ковид-19 на западниот Балкан, Европската Комисија не ја менува препорака за отворање на границите со регионот, но потсетува дека конечната одлука ќе ја донесат земјите членки на ЕУ во наредните денови, јави дописничката на МИА од Брисел.

Минатата недела Европската Комисија препорача Европската Унија да ги отвори границите со западниот Балкан од први јули, за разлика од другите земји вон ЕУ, за кои рестрикциите за патување во Унијата треба да се укинат прогресивно.

Оваа препорака за регионот останува, изјави портпаролот на Европската Комисија, Адалберт Јанз.

– Препораката да се укинат рестрикциите кон западниот Балкан не е само поврзана за епидемиолошката состојба туку и за блиската интеграција на ЕУ и нашите односи со регионот, но ние секако од блиску ја следиме епидемиолошката ситуација и одлуката што ќе ја донесат земјите членки до први јули ќе ги земе предвид последните бројки – изјави Јанз.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот