ЕК одделува 400 милиони евра за вакцини против Ковид-19 за земјите со низок и среден приход

Проектот Ковакс, како механизам за осигурување за земјите кои се загрижени за обезбедување пристап до вакцини, но исто така и за производителите, сака да купи две милијарди дози до крајот на 2021 година.

Европската комисија ќе одвои 400 милиони евра во рамки на меѓународниот механизам Ковакс за помош при купување и испорака на дози на идни вакцини против Ковид-19 за земјите со низок и среден приход.

Проектот „Ковакс”, кој заеднички го водат Гави, Алијансата за вакцини, Коалицијата за иновации во подготвеноста за епидемија (ЦЕПИ) и СЗО, има за цел да го забрза развојот и производството на вакцини против Ковид-19, но исто така да гарантира фер и рамноправен пристап за секоја земја во светот.

– Нема да бидеме безбедни сè додека сите, без разлика дали во Европа или во светот, не се безбедни. Потребна ни е глобална солидарност. Придонесот на Европската комисија преку Ковакс не носи еден чекор поблизу до оваа цел – изјави претседателката на Комисијата, Урсула фон дер Лаејн.

Проектот Ковакс, како механизам за осигурување за земјите кои се загрижени за обезбедување пристап до вакцини, но исто така и за производителите, сака да купи две милијарди дози до крајот на 2021 година, преговарајќи со разни добавувачи кои покриваат различни научни технологии, време на испорака и цени, соопштуваат претставници на ЕУ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот