ЕК очекува поголем економски раст од предвиденото во ЕУ

Европската Комисија ги ревидираше своите проекции за економскиот раст на ЕУ и на еврозоната за 2021 и 2022 и предвидува забрзување на активноста благодарение на вакцинацијата, јави дописничката на МИА од Брисел.

Комисијата очекува дека економијата во ЕУ ќе порасне за 4,1 отсто оваа година и 4,4 отсто во 2022 иако закрепнувањето нема да биде еднакво во сите земји членки.

Минатата година европската економија се намали за 6,1 отсто поради пандемијата од Ковид-19 и покрај кусо подобрување во текот на минатото лето.

Забрзувањето на процесот на вакцинација во ЕУ би требало да помогне да се зголеми домашната потрошувачка и инвестициите како и зголемување на побарувачката за извоз од ЕУ, предвидува Комисијата.

Јавните инвестиции би требало да го постигнат своето најголемо ниво во последните десет години.

Ситуацијата ќе остане неповолна за пазарот на трудот предвидува извршната власт на ЕУ со стапка на невработеност од 7,6 отсто оваа година, што е повисока стапка од предкризниот период. Јавниот долг и дефицит исто така ќе постигнат рекордни нивоа во повеќето земји членки и над границата што ја поставуваат европските повелби – 60 отсто од БДП за долгот и три отсто од БДП за дефицитот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот