ЕК: Ние работиме да ја надминеме оваа криза врз основа на европските вредности

Европска комисија / Фото: Архива

Портпаролот на Европската комисија додаде дека земјите-членки имаат своја визија за излез од кризата и дека дебатите се нормална појава во која било демократија.

Портпаролот на Европската комисија Ерик Мамер изјави денеска дека ЕУ во околностите предизвикани од Ковид-19 работи на „принципите на демократијата и дијалог” за да се дојде до заедничка стратегија за надминување на кризата.

Мамер ги отфрли инсинуациите на одделни службеници, јавноста и медиуми во Европа, кои предупредуваат на можноста за распад на Унијата заради неактивноста на заедничките институции и недостатиг на солидарност меѓу земјите-членки.

-Не знам зошто секогаш ја ставате во прашање ЕУ? ЕУ веќе беше во многу кризи во поновата историја и секогаш победи. Ние работиме да ја надминеме оваа криза врз основа на европските вредности, како демократски земји кои се навикнати да дискутираат и да се спротивстават на мислењата со цел да најдат начини за заедничко дејствување, рече Мамер.

Портпаролот на Европската комисија додаде дека земјите-членки имаат своја визија за излез од кризата и дека дебатите се нормална појава во која било демократија.

-Убеден сум дека ќе излеземе од ова, истакна Мамер.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот