ЕК: Нема причина зошто да не се користи вакцината на „Астра-Зенека“

Фото: EPA-EFE/RUNGROJ YONGRIT

Европската Комисија соопшти денеска дека нема причина воопшто да не се користи вакцината на „Астра-Зенека“ по мислењето на Европската агенција за лекови, јави дописничката на МИА од Брисел.

-Европската агенција за лекови штотуку даде позитивно мислење за „Астра-Зенека“ бидејќи бенефитите и натаму се поголеми од ризиците, таа не побара да се престане со „Астра Зенека“, некои земји членки одлучија да заземат построг пристап, нема причина воопшто да не се користи, изјави портпаролот за здравство на Европската Комисија, Стефан Де Керсмакер. 

Неколку европски земји веќе ја забранија употребата на вакцината на „Астра-Зенека“ за помладите лица.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот