ЕК најави зајакната борба против ракот

Речиси 1,2 милиони луѓе починале од рак во Европската унија во 2016 година, објави денеска Евростат, врз основа на најновите достапни податоци.

Европската комисија најави зајакната борба против ракот, кој според Евростат, го убива секој четврт граѓанин на ЕУ.

Претседателката на Еврокомисијата Урсула фон дер Лајен денеска, на Светскиот ден на борба против ракот, денеска ќе го претстави европскиот план, насловен „Победете го ракот”, што е прв чекор во јавната расправа, во која ќе бидат изнесени мислења на лекари, научници, здруженија и политички лидери.

„Студирав медицина за да им помогнам на другите да ја совладаат тагата и беспомошноста”, напиша таа на Твитер, посочувајќи дека иако е зголемена стапката на преживеани заболени од рак, претстои уште многу работа.

Речиси 1,2 милиони луѓе починале од рак во Европската унија во 2016 година, објави денеска Евростат, врз основа на најновите достапни податоци. Тоа значи дека канцерот е виновен за 26 отсто од сите смртни случаи во таа година во Унијата.

Прочитајте и...  Нови 46 случаи на заразени во Словенија, полицијата не доби овластување да ги следи граѓаните без судска одлука

Ракот на белите дробови е најсмртоносен облик кај мажите, а ракот на дојка кај жените, наведува Евростат, при што стапката на морталитет кај мажите е поголема од стапката на смртност кај жените.

Унгарија има највисока стапка на смртност, 345 на 100.000 жители, по што следат Хрватска, Словачка и Словенија.

Медитеранските и нордиските земји имаат најниски стапки на смртност, а Кипар е рекордер со 194 смртни случаи на 100.000 жители.

Прочитај повеќе

Никола Димитров: Се гледа од каде ни доаѓа помошта!

Слободен печат

Руско МНР: Пристапувањето на Северна Македонија во НАТО се совпадна со денот на бомбардирањето на поранешна Југославија

Слободен печат

Родилка од Куманово позитивна на коронавирус, бебето останува на ГАК, таа оди на Инфективна

Слободен печат

Нагло слабеење на инфлацијата во Еврозоната

Слободен печат

Израелците наместо ракети произведуваат респиратори

Слободен печат

Во Лондон од коронавирус почина 13-годишно дете

Слободен печат

Остави Коментар

Прочитај повеќе

Гутереш: Сите земји треба да ги следат препораките на СЗО за да го ограничат ширењето на вирусот

Слободен печат

Уште една 100-годишна жена се опорави од коронавирусот – добра вест дојде од Холандија

Слободен печат

МАЈКИТЕ ВО САМОИЗОЛАЦИЈА НЕ МОЖАТ ДА РАБОТАТ ОД СВОИТЕ ДЕЦА: Овие се проблемите со кои се соочуваат дома заради коронавирусот

Слободен печат

Путин му испраќа помош на Трамп: Руски авиони полни со опрема тргнуваат кон САД

Слободен печат

Штипјанец ќе плати пет илјади евра затоа што за време на самоизолација отишол на бербер

Слободен печат

Виенски економски институт: Рецесија им се заканува на сите земји од Средна, Јужна и Источна Европа

Слободен печат