ЕК: Ја следиме ситуацијата со повлекувањето на руската војска

 Европската унија соопшти дека внимателно ќе го следи најавеното повлекување на руските воени сили од границата со Украина и Крим, изјави денеска портпарол на Европската комисија.

– Она што е важно за ЕУ ​​е што ќе се случи на теренот од денеска. Ја потврдуваме нашата непоколеблива поддршка за независноста на Украина, суверенитетот и територијалниот интегритет во нејзините меѓународно признати граници, изјави портпаролот.

Тој објасни дека ЕК исто така ја повикала Москва да ја поништи својата одлука за затворање на одредени делови на Црно Море до 31 октомври и да го ограничи пристапот до воздушниот простор над Крим, сметајќи дека тоа е натамошно кршење на меѓународното право насочено кон дестабилизација на регионот. 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот