ЕК: Ја регистриравме најавата на Заев за оставка, реформите да продолжат

ЕУ ја прими најавата за оставка на премиерот на Северна Македонија, соопшти портпаролката на Европската комисија, Ана Писонеро.

„Важно е земјата да продолжи со спроведување на реформите поврзани со ЕУ“, порачува Писонеро во писмен одговор до медиумите.

Таа воедно ги повикува новите градоначалници и членови на општинските совети да придонесат во унапредување на реформската агенда на ЕУ во интерес на сите граѓани.

Премиерот Заев во неделата навечер најави оставка од функцијата премиер и лидер на СДСМ, откако владејачката партија доживеа пораз на локалните избори. Осврнувајќи се на изборниот процес и повикувајќи се на извештајот на ОБСЕ/ОДИХР, Писонеро нагласи дека изборите се одржани во коректна атмосфера и со почитување на основните слободи и дека изборната администрација вложила напори да ги отстрани недостатоците во процедурата од првиот круг на гласањето.

„Меѓутоа негативната реторика и наводите за притисоци на гласачите и кандидатите продолжија да влијаат на изборите“, додаде таа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот