4 C
Скопје

ЕК: Инсистираме на стабилност во испораките на вакцините на АстраЗенека

 Европската комесарка за здравство Стела Киријакидес потврди дека претставници на фармацевтската компанија Астра Зенека најавиле доцнење во испораките на вакцините нарачани од ЕУ за првиот квартал на 2021 година.

По тој повод, Киријакидес изрази незадоволство и од ЕУ и од земјите членки.

– Инсистираме на прецизен план за испорака врз чија основа земјите-членки можат да ги испланираат своите кампањи за вакцинација, доколку вакцината добие дозвола за употреба, напиша Киријакидес на Твитер.

Таа додаде дека Европската комисија во контактите со фармацевтската компанија АстраЗенека продолжува да инсистира на предвидливост и стабилноста на испораките на нарачаните вакцини, како и за забрзување на нивната дистрибуција.

Европската агенција за лекови (ЕМА) на почетокот на годината објави дека до крајот на јануари треба да даде проценка за употребата на вакцината на АстраЗенка во ЕУ.

Прочитајте и...  Ново рочиште за „организаторите на 27 април"

Доколку добие позитивна оценка, АстраЗенека ќе стане третата компанија чии вакцини против Ковид-19 ќе бидат лиценцирани за употреба во ЕУ.

До овој момент, потврда од ЕМА имаат вакцините на „Фајзер и Бионтек” и „Модерна”.

Минатата недела „Фајзер” веќе најави доцнење во дистрибуцијата на своите вакцини наменети за ЕУ поради модификација на производствениот процес. 

Поврзани вести

Се сруши патнички авион: Најмалку 12 лица загинаа во Јужен Судан

Слободен печат

Кумата на Путин влегува во политика: Русија и Украина на работ на нова војна?

Илинка Иљоска

Ќе никне ли комплекс без идеја, без ентитет и далеку од размерите во секаква смисла во строгиот центар на Скопје?

Дино Чупевски

Мас: Ние остануваме на ветувањето дека иднината на Западен Балкан е во ЕУ

Слободен печат

Николовски: Постојано ќе се разгледува реализацијата на Планот за корупција

Слободен печат

Николовски: Парламентарното мнозинство ќе продолжи да расте

Слободен печат

Остави Коментар