ЕК има план да ги „пензионира” моторите со внатрешно согорување

Европската унија ќе спроведе амбициозен план за ограничување на штетните гасови што нема да го остави секторот економија непроменет и ќе донесе порестриктивни барања до индустриите, јави Блумберг.

Според климатските барања поставени за 2030 година, европските производители на автомобили ќе мора да ги исполнуваат новите стандарди, и тоа може да предизвика „пензионирање” на моторите со внатрешно согорување.

Ако новата стратегија биле одобрена, штетните гасови ќе се намалат за 55 отсто во споредба со новито од 1990. Тоа се наведува во документ од ЕК во кој имале увид од Блумберг. Пред шест години целите од ЕК беа за ограничување на емисиите на штетни гасови за 40 отсто.

„Постигнувањето на целта за 55 отсто намалување на емисиите ќе се претвори во значителна инвестициска пречка за европската индустрија, услугите, транспортот и енергетскиот сектор”, се вели во документот.

Прочитајте и...  Курц пресече: Втор „локдаун“ во Австрија од вторник

Постигнувањето бара постепено заменување и целосен прекин надвижењето на конвенционалните автомобили за сметка на автомобили без штетни емисии. ЕК ќе предложи построги правила за емисија на штетни гасови за автомобили и камиони од јуни 2021 година.

Ова вклучува намалување од околу 50 отсто на емисиите на јаглерод диоксид на километар за автомобили до 2030 година во споредба со 2021 година. Во исто време, учеството на „зелениот” транспорт треба да се зголеми на 24 отсто во 2030 година од 7 отсто во 2015 година.

Од друга страна, и авиокомпаниите ќе треба да ја зголемат побарувачката за горива со ниско ниво на јаглерод.

Друга цел поставена во него е да се намали зависноста од глобалните трговски ланци и увозот. Со стимулирање на обновлива енергија, ЕК има амбиција да го ограничи увозот на гориво за 100 милијарди евра за периодот 2021-2030.

Прочитајте и...  ВО ЖИВО: Карантин во времетраење од 1 месец, најави Џонсон

Поврзани вести

Катанци се редат: Уште една земја воведува карантин

Слободен печат

Владејачката партија Грузиски сон води на денешните изборите

Слободен печат

Вучиќ пристигна во Црна Гора за погребот на владиката Амфилохие

Слободен печат

ВИДЕО: Фатен еден осомничен за нападот во Лион, каде беше ранет грчки свештеник

Слободен печат

Милер: Доколу победи Трамп ќе се заострат правилата за влез на имигранти во САД

Слободен печат

Се бараат донации на Фејсбук, а возниот парк на Заеви чини колку 10 амбулатни возила, бесни од опозицијата

Слободен печат

Остави Коментар