ЕК го презентираше предлог буџетот за надворешна политика и проширување

14,5 милијарди евра претпристапни фондови за земјите од Западен Балкан и Турција.

Европскиот Парламент и Советот на ЕУ треба да донесат конечна одлука по предлог буџетот на ЕК со која за земјите од западниот Балкан и Турција се предвидуваат 14,5 милијарди евра.

Ова претставува “значително зголемување” на Европската Комисија во споредба со претходниот седумгодишен буџет за проширувањето, што изнесуваше 12,8 милијарди евра.

-Предложивме да се вратиме на првичната стапка на поддршка предложена во 2018 година, предлагаме повторно 14,5 милијарди евра во рамките на повеќегодишната финансиска рамка, изјави еврокомесарот за проширување, Оливер Вархеји.

Новиот претпристапен инструмент за разлика од претходните ќе биде повеќе фокусиран на приоритети и проекти наместо индивидуални износи по земја. Со ова треба на Европската Унија да и се даде поголема улога во претпристапните фондови, а земјите кандидати ќе бидат под притисок да презентираат појасно обработени проекти и за да дојдат до фондови, фондовите ќе се доделуваат повеќе според перформансот и реформскиот напредок на патот кон нивното членство во ЕУ, објаснуваат од Европската Комисија.

Што се однесува до Турција, Комисијата уверува дека ИПА ќе биде “доволно флексибилна” за да ги одразува промените во односите со Анкара.

Наесен Комисијата треба исто така да предложи “значајна алатка” за западниот Балкан фокусирана на енергијата, транспортот и поврзувањето на земјите од регионот, а ќе се работи и на интеграција на регионот во европската дигитална агенда, најави комесарот, изразувајќи надеж дека и Советот и Парламентот ќе дадат зелено светло.

За прв пат западниот Балкан ќе биде вклучен и во Европскиот фонд за одржлив развој (ЕФСД) кој за сега важеше само за земјите покриени со соседската политика на ЕУ како и супсахарска Африка.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот