EK: ЕУ да се подготви за подлабока економска криза

Претходната прогноза на Комисијата предвидуваше рецесија од 7,4 отсто за ЕУ и 7,7 отсто за еврозоната во 2020.

Споредн новите економски проекции на ЕК за земјите од ЕУ и еврозоната сликата за економската криза е мрачна и истата ќе биде проследена со длабока рецесија.

Анализите на службите на ЕК покажуваат дека во текот на оваа година, економијата на ЕУ ќе се стесни за 8,3 отсто, а во еврозоната стапката достигнува 8,7 отсто. За 2021 се очекува раст од 5,8 отсто во ЕУ и 6,1 отсто во еврозоната. Во споредба, пролетната прогноза на Комисијата предвидуваше рецесија од 7,4 отсто за ЕУ и 7,7 отсто за еврозоната во 2020.

Извештајот го зема предвид фактот дека ризиците остануваат “исклучително високи” бидејќи е непознато дали во наредните месеци повторно ќе треба да се затворат економиите и да се воведат нови строги рестриктивни мерки доколку вирусот повторно се рашири. Во некои европски региони веќе се јавува нов бран, а есента и зимата би можеле да ја влошат дополнително состојбата.

Анализите на Комисијата тргнуваат од претпоставката дека мерките прогресивно ќе се олабавуваат и дека нема да има втор бран на Ковид-19.

Европската Комисија предупредува дека во посебно кревка состојба е пазарот на трудот, и дека многу компании може да се најдат во ситуација на недостаток на ликвидност, бидејќи загрозена е стабилноста на финансиските пазари.

Европската извршна власт стравува од зголемени протекционистички политики кои би имале „негативни последици” врз глобалната трговија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот