ЕК бара објаснување од Фајзер поради доцнење на испораката на вакцини

EPA-EFE/STEPHANIE LECOCQ

 Европската комисија ќе побара објаснување од американската компанија „Фајзер”, поради тоа што испораката на вакцини против коронавирусот повторно се одложува, изјави денеска портпаролот на ЕК.

„Фајзер” требаше да испорача нови количини вакцини во ЕУ следната недела.

Претходно, компанијата соопшти дека повеќе нема да има одложувања во испораката на вакцини против коронавирусот, откако веќе еднаш ја одложи испораката, со образложение дека мора да го зголеми производството.

Извор.МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот