ЕЈ, КОЈ ГО ЗГАСНА СВЕТЛОТО: Каков крвнички удар во Казахстан! (ВИДЕО)

superluchas.com

Во Казахстан беше одржано 17 издание на „Горила Фајтинг Шампионат“, а еден спектакуларен нокаут особено ги одушеви љубителите на боречките вештини.

Беа одржани 12 борби според ММА правила, а се најде помеѓу нив и мечот во тајландски бокс за титулата во категоријата до 64 килограми.

Борбата е завршена со брутален прекин, од движење со ногата директно во лицето на противникот кој веднаш беше испратен на подот.

Не знаеше што го снајде, а додека судијата се обидуваше да го врати во свесна ситуација, победникот славеше со навивачите.

Претходно објавивме како нашиот Амедовски на УФЦ Копенхаген издржа само 17 секунди против Филипс.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот