ЕИБ одобри заем од 75 милиони евра за развој на вакцина

Првите резултати од истражувањата кои се спроведуваат во овој период се очекуваат наесен, најави КјурВак, и се надева дека до крајот на оваа година повеќе илјадници луѓе би требало да бидат вакцинирани.

Европската Унија преку Европската инвестициска банка (ЕИБ) ќе даде заем од 75 милиони евра за развој на вакцини, меѓу кои и вакцината против Ковид-19 преку фармацевтската фирма КјурВак.

Заемот на ЕИБ има за цел да ја помогне изградбата на нова локација за производство во Германија. Досега Банката помогнала со над 300 милиони евра инвестиции за вакцини и третмани против Ковид-19, потсети Европската Комисија.

Првите резултати од истражувањата кои се спроведуваат во овој период се очекуваат наесен, најави КјурВак, и се надева дека до крајот на оваа година повеќе илјадници луѓе би требало да бидат вакцинирани.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот