ЕИБ ќе ја зголеми поддршката за Ковакс механизмот на 600 милиони евра

Од почетокот на пандемијата, Европската инвестициска банка (ЕИБ) одобри повеќе од 40 милијарди евра за поддршка на развојот на вакцините, јавното здравје и економската отпорност на ковид-19 во Европа и во светот.

Претседателот на Европската инвестициска банка Вернер Хојер денеска оцени дека е потребна поголема финансиска поддршка, што ќе им овозможи на земјите со низок и среден приход да имаат пристап до вакцините против ковид-19 преку механизмот Ковакс.

Тој рече дека ЕИБ се очекува да ја зголеми поддршката за Ковакс на 600 милиони евра, како единствена мултилатерална финансиска институција што инвестира во таа програма, пренесува Бета.

– ЕИБ е подготвена да ја зголеми поддршката за Ковакс, набавка на дополнителни вакцини против ковид-19 и подобрување на производството на вакцини, дијагностика и јавното здравје во земјите со низок и среден приход, рече Хојер.

Во соопштението на ЕИБ се вели дека нејзините технички и финансиски експертисоработуваат со глобални партнери за подобрување на набавката на дополнителни вакцини во рамките на програмата Ковакс.

Се додава дека парите на ЕИБ, заедно со грантот од 100 милиони евра од Европската комисија во рамки на Ковакс, им овозможија на луѓето од повеќе од 100 земји со ниски и средни приходи да добијат пристап до вакцини против ковид-19.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот