ЕХФ: Во април и мај нема да се играат натпревари!

фото: rkvardar.mk

Иако останува чисто теоретски засега, планот предвидува ракометните мечеви да продолжат на почетокот на јуни 2020 година.

Глобалното ширење на коронавирусот направи отежнување во одигрување на планираните европски ракометни натпревари, во машка и женска конкуренција. Спoред предвидувањата наскоро нема да има ракометни натпревари.

Со оглед на ваквата состојба, Европската ракометна федерација како раководно тело на европскиот ракомет презентираше план за потенцијален повторен старт на европската ракометна сезона.

Иако останува чисто теоретски засега, планот предвидува натпреварите да продолжат на почетокот на јуни 2020 година. Во сценариото не се предвидено никакви натпревари организирани под капата на ЕХФ да се играат во април и мај, при што првите натпревари продолжуваат во првата недела од јуни.

За секоја недела, планот за натпреварување вклучува и најнов датум до кој натпреварите можат да бидат откажани од страна на ЕХФ. Планот исто така вклучува процедури за понатамошна квалификации засновани врз спортски резултати постигнати во веќе завршени рунди.

Потсетување дека Вардар (бранител на титулата во ЛШ) треба да има осминафинален двомеч со унгарскиот Пик Сегед.

фото: РК Вардар

Резиме на одлуките на Извршниот комитет на ЕХФ:

-Натпреварите ќе се играат само доколку се обезбеди безбедно опкружување за сите вклучени
-Доколку не можат да се играат сите натпревари и истите се откажат, резултатите постигнати од веќе завршените рунди ќе сметаат за понатамошните квалификаци по потврда на ЕХФ
-Во април и мај нема да се играат натпревари организирани под капата на ЕХФ
-ЕХФ Ф4 турнирте и финалето машкиот ЕХФ куп ќе бидат одложени и префрлени за нивните алтернативни датуми во август и септември 2020 година
-Новиот план за натпревари во кој е прикажан во потенцијалниот распоред од 3 јуни до 5 јули, вклучувајќи ги квалификациските рунди за машките и женски клупски и женските национални натпреварувања е потврден од страна на Извршниот комитет
-Даден е мандат за соодветно прилагодување на ракометниот календар 2019/20 и според развојот на меѓународната спортска сцена, на пр. Олимписките игри и соодветните квалификации, календарот 2020/21 исто така може да се прилагоди.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот