ЕХФ шампионат: Македонските ракометарки убедливи против Босна и Херцеговина

Фото: macedoniahandball.com.mk

Денеска во Скопје стартуваше ЕХФ шампионатот за ракометарки до 19 години, во првото коло од групата „2“ висока победа забележаа избраничките на селекторот Љубомир Савевски.

Во СЦ „Јане Сандански“ македонската женска младинска репрезентација триумфираше убедливо над Босна и Херцеговина со резултат 39:28.

Најефикасна во нашата репрезентација беше Сара Миновска со 10 голови, осум забележа Ана Марија Коларовска, а седум Ангела Јанкуловска.

На спротивната страна осум погодоци беа дело на Елена Ципетиќ, пет имаше Карла Ловриќ, а четири Драгица Глигоревиќ.

Селекцијата на Фарски Острови во оваа рунда беше слободна, а во вториот меч денеска Холанѓанките со 53:14 славеа над Косово.

Во второто коло македонските ракометарки в недела од 18.00 часот ќе ги одмерат силите против Фарските острови.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот