ЕХФ „провоцира“, фановите не му веруваат на Вардар! (ВИДЕО)

EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Европската ракометна федерација (ЕХФ) ги промовира сите четири учесници на завршниот спектакл во Келн, покрај Вардар, во трка за тронот се уште Барселона, Веспрем и Келце.

ЕХФ со прашање дали може Вардар да ја повтори историјата (од 2017 година) и повторно го шокира ракометниот свет?

Знаете како велат, повреден лав уште сака да рика – пишува ЕХФ.

В сабота од 18.00 часот ќе се игра полуфиналето меѓу Вардар и Барселона, а од 15.15 е мечот Веспрем-Келце.

Во меѓувреме и фановите на социјалните мрежи ЕХФ гласаат за тоа која екипа има најголеми шанси да дојде до европската круна.

Принтскрин – twitter.com/ehfcl

На нешто помалку од 24 часа, Барса до овој момент има скоро 50% гласови, потоа како втор се рангира Веспрем (22%), трет Келце (15%), а на последната позиција е Вардар со само 14%.

Финансиските проблеми исто така можеби ја „диригираат“ атмосферата во редовите на Вардар, но момците на Парондо се максимално подготвени за предизвикот.

Од минатото сме сведоци дека не секогаш фаворитите ја оправдувале својата улога. „Аутсајдерите“, меѓу нив и Вардар пред две години, знаеле да блеснат шампионски на крајот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот