ЕХФ одушевена од Вардар и навивачите (ВИДЕО)

Принтскрин

Екипата на Вардар вчера оствари убедлив триумф над ПИК Сегед (31:23) во првиот четвртфинален натпревар во ЛШ и веќе со едната нога е на завршниот турнир во Келн. Освен од големата победа, ракометна Европа е одушевена од славјето на ракометарите и навивачите по натпреварот. Околу 20-тина минути по крајот на натпреварот, ракометарите на емотивен начин се простуваа од верните навивачи, заедно пеејќи „Вардар шампионе“.

Пред неколку денови, Сергеј Самсоненко соопшти дека се откажува од финансирање на РК Вардар, и за огромен дел од ракометарите, вчера беше последен меѓународен настап во „црвено-црниот“ дрес.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот