ЕХФ недела: Слободен влез на мечевите против Грузија!

фото: РФМ

Брестовац во хотелот „Александар Палас“ – Скопје ја собра македонската сениорска репрезентација за ЕХФ неделата како подготовка за настапот на Европското првенство 2020 година.

Како што информираат од Ракометната федерација на Македонија, влезот на двата меѓународни пријателски натпревари против Грузија во СЦ „Борис Трајковски“ ќе биде слободен за сите љубители на ракометот.

На 25 октомври (петок) дуелот ќе се игра од 20.00 часот, а еден ден подоцна од 16.00 часот.

Кирил Лазаров, Борко Ристовски, Дејан Манасков, Филип Талески и Филип Кузмановски, на тимот ќе му се приклучат по враќањето од Турција и тие ќе играат на средбите со Грузија.

Целта на селекторот Данило Брестовац ќе биде да им даде шанса на помладите со цел да бидат на високо ниво.

Надежите се дека прво против Турција се извлече играч на кој ќе може да се смета во иднина.

– Мора да се внесе свежа крв во репрезентацијата. Доколку за неколку години не се скрои добра селекција, ќе се најдеме во проблеми и со ракометари без интернационално искуство. Имаме проблеми со составот, В. Маркоски не игра, а Н. Маркоски има скршеница – вели Брестовац.

Исто така како контролки пред континенталниот собир ќе се искористи и турнирот „Трофеј Карпати“ во декември против Црна Гора и Словенија.

Селекторот не е задоволен од минутажата која ракометарите ја имаат во клубовите, па овие натпревари треба да послужат и за подобрување на формата.

– Сите репрезентативци се во тренажен процес, но натпреварувачкиот ритам е катастрофа, речиси никој не игра за своите клубови. Затоа и се договоривме да одиграме колку што е можно повеќе натпревари, додаде Брестовац.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот