ЕХФ недела: Најдобрите македонски ракометарки повторно поразени од Австрија

фото: macedoniahandball.com.mk

По поразот во првиот натпревар од 30:25, најдобрата македонска женска ракометна репрезентација загуби и во вториот контролен меч против Австрија.

На теренот во Брегенц каде се играше пријателскиот двомеч во рамките од ЕХФ неделата, избраничките на селекторот Кристијан Грчевски претрпе убедлив пораз од 34:21.

После првото полувреме имавме негатива од шест голови разлика (15:9).

За нашата селекција по четири голови имаа Коларовска, Ристовска и Стефановска, а три запиша Седлоска.

Потсетување дека годинава Македонија ќе учествува на Европското првенство кое ќе се одржи од 28 ноември до 15 декември во Австррија, Унгарија и Швајцарија.

Нашите најдобри ракометари во рамките од прелиминарната фаза се во групата А заедно со Шведска, Унгарија и Турција.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот