15 C
Скопје

ЕХФ Лига на Европа: Познати сите учесници на фајнал-фор

Екипите на Фуксе Берлин и на Висла Плоцк се последните две екипи кои обезбедија пласман на завршниот турнир во ракометната Лига на Европа. На завршниот турнир кој ќе се игра на 22 и 23 мај во САП Арената во Мајнхајм, ќе играат Фуксе, Висла, Магдебург и Рајн Некар Левен.

Фуксе Берлин во реваншот против Монпелје славеше со 31:23 и ја анулира негативата од три гола. На овој натпревар блескаше Данецот Ханс Ола Линдберг кој постигна 12 гола.
Далеку повозбусливо беше во Полска каде Висла Плоцк со 31:26 го совлада ГОГ Гудме. Првиот натпревар заврши со триумф на ГОГ од 30:27, а вечерва Висла во последната минута успеа да дојде до потребните четири гола кои ја однесоа на фајнал-фор турнирот.
Претходно Магдебург со 39:31 го совлада Кристианштад, додека Рајн Некар Левен со 37:27 го совлада Чеховски Медведи.

Поврзани вести

ВИДЕО: ВАР драма во Мадрид, Реал никако да го престигне Атлетико!

Слободен печат

ВИДЕО: „Гранде Милан“, Јувентус демолиран во Торино!

Слободен печат

ВИДЕО: Адеми и Ристовски со „петарда“ до шампионскиот трофеј во Хрватска

Слободен печат

ВИДЕО: Втора титула за Зверев на Мастерс турнирот во Мадрид!

Слободен печат

Начевски: Запрепастен сум, да бидам жртва на еднострана изјава на Бајрамоска без соочување и сведоци??

Слободен печат

ВИДЕО: Тричковски во голгетерска форма го очекува Европското првенство!

Слободен печат

Остави Коментар