ЕХФ го откажа женскиот фајнал фор

EPA-EFE/Tamas Kovacs

Европската ракометна федерација одлучи да го откаже фајнал фор турнирот во женската Лига на шампиони кој требаше да се игра во Будимпешта.

Ова е второ одложување на завршниот турнир во женската ракометна ЛШ поради пандемијата на коронавирусот, оригиналниот датум за одржување на финалето беше 10 мај, потоа ЕХФ го одложи за септември, а дефинитивно го откажа фајнал фор турнирот кој традиционално се одржува во „Ласло Пап“ арената во Будимпешта.
ЕХФ одлучи дека здравјето на ракометарките е најважно и не сака да ризикува.

Завршницата во машката Лига на шампиони исто така е презакажана, фајнал форот на кој ќе учествуваат најдобрите четири екипи од групната фаза ќе се одржи во декември годинава, што е нелогично бидејќи новата сезона треба да стартува веќе во септември.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот