ЕХФ го менува правилото пред Европско: Пет дена карантин и два негативни теста

македонска ракометна репрезентација
Македонија ќе го брка своето осмо учество на Европските првенства/ фото: EPA-EFE/MAURI RATILAINEN

Европската ракометна федерација (ЕХФ) денеска се одлучи за промена на прописите околу настапот на играчите на претстојното Европско првенство во Унгарија и Словачка во кое учесник е и македонската сениорска репрезентација.

Како што е веќе познато, континенталниот собир ќе се одржи од 13 до 30 јануари, нашата селекција во рамките од групата „А“ во унгарскиот град Дебрецин, а прв противник е Словенија на 13 јануари со почеток од 18.00 часот.

Пред два дена беше објавено дека сите македонски репрезентативци беа негативни на ковид-19, а нови тестирања според протоколот на ЕХФ за учество на ЕП 2022 се очекува да направат уште на 7 и 10 јануари.

Поради сè повеќе позитивни тестови на коронавирус кај многу репрезентации-учеснички, правилото „14 дена за изолација“ ќе се менува.

Новата состојба ќе биде пет дена карантин по позитивен тест, и два последователни негативни теста (најмалку 24 часовен интервал помеѓу двата теста), по што ракометарот ќе се стекне со право на настап на Европското првенство.

Оваа одлука од страна на Извршниот комитет на ЕХФ беше неизбежна и која се заснова на најновите препораки во однос на периодите за изолација, за да се добие регуларност без значителен пад на квалитетот на репрезентациите.

Лицето, исто така, мора да биде ослободено од какви било симптоми и да приложи медицинска потврда за да ја потврди неговата способност да учествува на вакви големи спортски настани.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот