ЕХФ: Фленсбург го доби дербито со ПСЖ во Лигата на шампионите

epa08674526 Flensburg's Team cheering after winning match against Kielce during men's handball EHF Champions League Group Phase first round match between SG Flensburg-Handewitt and Lomza VIVE Kielce in Flensburg, Germany, 16 September 2020. EPA-EFE/MARTIN ZIEMER

Во дербито на вечерта во ракометната Лига на шампионите, Фленсбург со 28:27 го совлада ПСЖ кој продолжи со променливите игри. Само два дена откако го декласираа Киелце со 37:26, ракометарите на ПСЖ загубија со минимални 28:27 и тоа благодарение на одличната игра во првото полувреме кое германскиот тим го доби со 19:11. Во вториот дел ракометарите на ПСЖ успеаја да се вратат во игра, намалија на 27:26, но Фленсбург со голот на Согард Јоханесен ги реши дилемите околу победникот. Ване со осум гола и Готфридсон со седум голови беа најефикасни во тимот на Фленсбург, додека за ПСЖ Микел Хансен даде седум гола.

Еден од главните фаворити за титулата, Веспрем немаше никакви проблеми на гостувањето кај Загреб и славеше со 28:35. Македонскиот репрезентативец Дејан Манасков постигна еден гол за Веспрем каде најпрецизни беа Нилсон и Мае со по шест погодоци.
Претходно Нант и Кил одиграа 24:24 во натпревар во кој капитенот и селектор на македонската репрезентација, Кире Лазаров беше најпрецизен во францускиот тим со пет постигнати голови.

Резултати:
Мотор – Алборг 27:29
Нант – Кил 24:24
Пик Сегед – Киелце 26:30
Фленсбург – ПСЖ 28:27
ППД Загреб – Веспрем 28:35

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот