ЕХФ Европска лига: Нексе во полуфиналето против Магдебург

еурофарм пелистер
Хрватскиот Нексе преку квалификациите до Ф4 турнирот во ЕХФ Европската лига/Фото: instagram.com/rkeurofarmpelister

Денеска со жрепка во Виена се дознаа полуфиналните двојки на ЕХФ Европската лига чиј Фајнал-фор турнир ќе се организира во Лисабон, Португалија.

Спектаклот ќе биде на 28-29 мај 2022 година, во првото полуфинале Висла Плоцк од Полска ќе ги одмери силите против португалската Бенфика.

А во втората полуфинална пресметка германскиот Магдебург ќе се соочи со можеби најголемото изненадување сезонава, хрватскиот Нексе.

Потсетување дека во четвртфиналето Магдебург го елиминираше Нант на македонскиот репрезентативец и селектор Кирил Лазаров, а претходно во осминафиналето Нексе го исфрли нашиот Е. Пелистер.

Интересно е да се напише дека полуфиналистите Нексе и Бенфика сезонава мораа да поминат две квалификациски кола за да играат во групната фаза.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот