ЕХФ: 10 причини зошто Вардар пак ќе биде европски шампион!

И покрај големите пречки и финансиски проблеми, играчите на Парондо собраа сили да ги елиминираа ППД Загреб и Пик Сегед и го обезбедија третото учество по ред на Ф4 турнирот во Келн.

Денеска ЕХФ објави 10 причини зошто Вардар ќе се искачи на тронот, откако претходно европската титула ја освоија во 2017 година.

Фото: РК ВАРДАР

1.Форматот на натпреварување – важни и големи натпревари кои можат многу да значат и преку нив притисокот не е толку голем кон играчите. СЕХА ја освоија пет пати, најмногу од сите клубови.

2.Тимур Дибиров – Годините не се важни, прашајте ги Валур Сигурдсон и Дибиров. Искусното руско крило еден од најефикасните „оружја“ на Вардар. „Крадец“ на топките, вешто снаодлив во одбраната, силен во контрите, а да не зборуваме за неговите невозможни голови од аглите.

3.Знакот – Во 2017 година дојдоа Вардарци како „аутсајдери“ поради фактот што се сретнаа со рекордерот Барса против која триумфираа со гол во последните секунди, а со додатна енергија беа успешни и над ПСЖ. Две години подоцна еве ги повторно во полуфинале со Барселона.

4. „Ел команданте“ – Раул Гонзалез останува „таткото“ на РК Вардар. По препорака на Талант Дујшебаев, создаде една успешна база. Со ПСЖ не успеа сезонава, но Вардар сигурно за него ќе се обиде повторно да дојде до европскиот врв.

  1. Стојанче Стоилов – Силниот пивот е повеќе од само тимски капитен. Лидер на воини, никогаш не се предава, голем мотиватор, борец.

6. Тренерот – Очигледно Роберто Гарсија Парондо има „магични раце“, после заминувањето на Штербик, Циндриќ, Македа и Канељас, креираше „нов Вардар“. Останува шпанскиот стил на Гонзалез со новите освежувања Скубе и Милосављев.

7.Дејан Милосављев – голманот е клуч до трофеите и без загриженост Вардар може да смета на еден. На вистински начин Милосављев го замени легендарниот Арпад Штербик.

8.Домашните навивачи – Како и во 2017 година кога во Скопје се организираше „црвено-црна“ парада, и сезонава создаваат еуфорија која им дава дополнителна енергија на ракометарите.

9.Игор Карачиќ – „Мозокот“ на тимот сака да си замине со уште една титула. И сезонава беше еден лидерите во нападот со неговите голови и асистенции. Само да се потсетиме на Лука Циндриќ…

10.Несигурната иднина – приказната на Вардар ќе продолжи, тоа е сигурно, но дали ќе ја има шансата повторно да блесне во Келн? Никој не знае, би можело да биде неговиот последен настап на големата сцена. Нема поголема мотивација за Стоилов и неговите соиграчи.

Да потсетиме, дека „црвено-црните“ полуфиналето ќе го играат на 1 јуни со почеток од 18:00 часот против можеби најголемиот фаворит за трофејот оваа сезона во Лигата на шампионите, Барселона.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот