Егзит започна со настапот на „Д Кјур”, а испрати важна порака за спас на Земјата!

На годинашниот фестивал „Егзит” беше соборен рекордот на посетеност, и тоа на првата фестивалска вечер, кога повеќе од 56.000 луѓе поминаа низ фестивалските порти.

Рекордната вечер во 19-годишната историја на „Егзит” беше одбележана со настапот на култниот британски бенд „Д Кјур”.

И покрај силниот дожд кој паѓаше на почетокот на настапот на легендарниот рок-бенд, ништо не можеше да ја поколеба неколкуилјадната публика да ужива во фантастичната музика и атмосфера.

Со огномет и перформанс, традиционално беа отворени 40-те сцени на „Егзит”.

Пораката која беше упатена од отворањето гласи: „Мир на Земјата, мир со Земјата”, со која организаторите упатија апел за зачувување на планетата.

До раните утрински часови, на 40-те сцени забавата не стивнуваше. Се редеа изведувачи и бендови – Carl Cox, „Maceo Plex”, „Charlotte de Witte”, „Los Frequencies”…

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот