Егзекутиран висок севернокорејски дипломат обвинет за шпионажа во полза на САД – Слободен печат
ВестиПланета

Егзекутиран висок севернокорејски дипломат обвинет за шпионажа во полза на САД

Ова денеска го објави конзервативниот јужнокорејски весник „Чосун Илбо" (The Chosun Ilbo) повикувајќи се на свои извори во Северна Кореја.

Специјалниот претставник на Државниот совет на Северна Кореја за политика кон САД Ким Хјок Чол бил егзекутиран во март по средбата која заврши без резултат меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун.

Ова денеска го објави конзервативниот јужнокорејски весник „Чосун Илбо” (The Chosun Ilbo) повикувајќи се на свои извори во Северна Кореја.

Егзекутиран висок севернокорејски дипломат, тврди јужнокорејски весник

Според весникот, биле егзекутирани и четворица претставниви на севернокорејското Министерство за надворешни работи кои учествуваче во преговорите. Тие биле обвинети за шпионажа во полза на САД.

Уште неколку учесници на средбата, меѓу кои и преведувачот на Ким, биле испратени во поправни логори, пишува „Чосун Илбо”.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close