Египет на референдум ќе одлучува за продолжување на мандатот на Абдел Фатах ел Сиси - Слободен печат
ВестиПланета

Египет на референдум ќе одлучува за продолжување на мандатот на Абдел Фатах ел Сиси

Египѓаните во странство во дипломатските мисии со гласањето почнаа вчера, кое за нив ќе трае до утре

Од денеска до 22 април Египѓаните ќе можат на референдум да гласаат за амандманите за продолжување на мандатот на претседателот Абдел Фатах ел Сиси, соопшти денеска Државната изборна комисија.

Египѓаните во странство во дипломатските мисии со гласањето почнаа вчера, кое за нив, ќе трае до утре.

Одлуката за распишување референдум е донесена  по гласањето во египетскиот Парламент, каде со големо мнозинство (531 од вкупно 554 пратеници) се поддржаа низа уставни амандмани, меѓу кои и продолжување на претседателскиот мандат.

Уставот од 2014 година ограничува на два последователни мандати во траење од по четири години. Со предложените промени се овозможува продолжување на вториот мандат на Абдел Фатах ел Сиси од четири на шест години, кој би завршил во 2024 година. Тогаш претседателот би можел да се кандидира за трет, шестгодишен мандат, што би му овозможило да остане на власт до 2030 година. 

Со измените на законот му се дозволува на претседателот и да именува правосудни функционери, да ја зајакне улогата на војската и да формира Горен дом на Парламентот.

За законот да стапи во сила мора да добие мнозинска поддршка на референдумот.

Тагови

Слични артикли

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close