Египет ја потврди набавката на 30 борбени авиони „Рафал” од Франција

Авиони Рафал / Архива на СП

Египет потврди дека купува од Франција 30 борбени авиони од типот „Рафал”, јави дописникот на МИА.

-Египет и Франција потпишаа договор за набавка на 30 авиони „Рафале””, стои во соопштението на египетската армија, во кое се прецизира дека набавката ќе се изврши преку десетгодишен заем. Веб-страницата „Диклоз” во понеделникот ја откри непосредната нарачка, нагласувајќи дека таа изнесува 3,95 милијарди евра.

Оваа продажба го потврдува доцниот, но вистински извозен успех на францускиот борбен авион. Нарачан од Египет, потоа Катар (36 авиони) и Индија (исто така 36 авиони) – продажба извршена во 2016 година, за која постојат големи сомневања за корупција, авионот беше продаден во јануари на Грција во 18 примероци, од кои 12 користени. И следните неколку месеци би можеле да бидат добри, за Дасо Авијација: Рафал е во конкуренција во Швајцарија, Финска и Хрватска.

Според „Диклоз”, кој ги цитира документите на египетската влада, во кои детално се наведени условите на договорот, Египет добил 85 отсто гарантиран заем од Франција за да ги финансира овие набавки, односно француските даночни обврзници ќе треба да платат ако Египет не го направи тоа.

И покрај желбата на Париз да го фокусира извозот на оружје во Европа, Египет е еден од главните купувачи на француска воена опрема. Ако извозот претставуваше само неколку десетици милиони евра на почетокот на 2010, тие значително се зголемија со доаѓањето на власт на Абдел Фатах Ал-Сиси во 2014 година, главно помеѓу 2014 и 2016 година благодарение на продажбата на една фрегата, авионите „Рафал”, 4 корвети и 2 носачи на хеликоптери „Мистрал”.

Вкупно, египетскиот увоз на француско вооружување изнесуваше 7,7 милијарди евра помеѓу 2010 и 2019 година, што го прави Египет четврта по големина земја клиент за вооружување во Франција, според годишниот извештај доставен до францускиот парламент.

Но, загриженоста изразена од францускиот претседател, Емануел Макрон, во врска со состојбата со човековите права во Египет, за време на заедничката прес-конференција со неговиот колега во јануари 2019 година, влијаеше на добрите односи меѓу Франција и „Египет”. Оттогаш не беше склучен нов договор, забележа во ноември пратеникот Жак Мер во извештајот за контролата на извозот на оружје.

Знак на затоплување, е тоа што претседателот Сиси беше примен во декември 2020 година од Макрон, кој му го врачи Големиот крст на легијата на честа, највисокото француско одликување. 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот