ЕФН го поддржа ЗНМ: Да се преиспита одлуката на судот за 27 април

На 27 април 2017 година за време на протестот во Скопје, кој што подоцна резултираше со упад на демонстрантите во зградата на Парламентот, вкупно 21 новинари беа под закана или им беше забрането да известуваат на местото на настанот, соопшти од ЗНМ, истакнувајќи дека еден од новинарите беше Горан Трпеноски, кој вчера беше одбиен од Граѓанскиот суд во Скопје, кој не му го призна статусот на новинар.

– Европската федерација на новинари (ЕФН) и нејзината членка, Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) го оспоруваат толкувањето на македонскиот Суд и го повикуваат уште еднаш да ја разгледа својата одлука, соопштија од ЗНМ.

Горан Трпеноски, додават од ЗНМ известувал за настаните на 27 април 2017 година за онлајн медиумот САКАМДАКАЖАМ.МК (sdk.mk).

– Откако кон него беа упатени закани се одлучи да поднесе тужба за попречување на правото за пристап до информации и нанесената психолошка штета. Вчера, во својата пресуда, судијката Јованка Спировска Панева објасни дека во тоа време Трпеноски не бил новинар затоа што работел за онлајн медиумот (sdk.mk), што според Законот за медиуми не се смета за медиум. Понатаму во оваа пресуда, Судот не го признава правото на информација како уставно право, велат од ЗНМ.

ЕФН и ЗНМ сметаат дека со оваа пресуда се кршат европските правни стандарди за слобода на печатот, дефинирани од Европскиот суд за човекови права.

– Оваа пресуда ја прекрши и судската пракса на Апелациониот суд во Македонија со која се потврди дека не треба да им се ускрати позицијата на новинар на професионалците кои работат во интернет медиумите. ЕФН се приклучува на нејзината членка ЗНМ во барањето да се преиспита оваа пресуда со која се нарушува слободата на печатот, информираат од ЗНМ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот