ЕФЈ на Балканот: Непречена работа на новинарите во текот на пандемијата

Европската федерација на новинари (ЕФЈ) покрена кампања која укажува на важноста на работата на новинарите во текот на пандемиајта.

„Во текот на здравствената криза новинарите имаат една од клучните улоги: Кога од повеќето од насе се бара да останеме дома, тие се очите и ушите на терноет, ни донесуваат точни и проверени информации. Сепак во некои европски земји новинарите не натаму се не сметаат за клучни работници чија работна способност исто така е загрозена поради пандемијата“, се наведува во соопштението.

Се додава дека кампањата на социјалните мрежи ЕФЈ ја покрена во партнерство со своите подружници во Албанија, на Косово, во Црна Гора, Северна Македонија, Србија и Турција.

Наведено е дека во тие земји пандемијата на многу новинари им донесе подолго работно време, пониски плати, ограничувања на патувањата, недостаток на заштитна опрема и здравствено осигурување, што како што се наведува, дополнителено ги изложува на вирусот.

Одредени влади, како што се наведува, одлучија да ги категоризираат новинарите како клучни работници, заедно со работниците во здравството и социјалната заштита, прехранбената индустрија и образованието.

„Тој статус на ‘неопходен работник’ им овозможува (на новинарите) пристап до погодностите како што се слобода на движење, платено боледување, заштитна опрема, паричен надомест, пристап до грижата за деца“, наведува ЕФЈ која укажа и на пресудното значење на новинарите за демократијата.

„Со оваа кампања новинарските здруженија и синдикати не потсетуваат нас зад екраните дека луѓето и вестите кои ги конзумираме неколку пати дневно, новинарите и медиумските работници вредно си сработуваат во тешки услови за на најдобар можен начин да ја информираат јавноста“, пишува во текстот.

Кампањаата на Европската федерација на новинари (ЕФЈ) во рамки на проектот кој го финансираше УНЕСКО „Изградба на доверба во медиумите во југоисточна Европа и Турција“ во партнерство со подружниците во Албанија (АПЈА), БиХ (БХ Новинари), на Косово (АЈК), во Црна Гора (СМЦГ), Северна Македонија (ССНМ), Србија (СИНОС и НУНС) и Турција (ТГС).

Извор: Бета

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот