Ефикасноста на дијалогот Косово – Србија ќе зависи од учеството на Европа

Макрон ветил зголемување на француската и на неговата лична улога во олеснувањето на дијалогот.

Вршителот на должноста премиер на Косово Албин Курти синоќа во телефонски разговор со претседателот на Франција Емануел Макрон, го информира францускиот претседател за ситуацијата со дијалогот меѓу Косово и Србија и побарал соодветно ангажирање со цел спроведување на потребните подготовки за вистинско учество на страните во овој дијалог.

Макрон ветил зголемување на француската и на неговата лична улога во олеснувањето на дијалогот. Тоа ќе биде, според него, и целта на самитот во Париз за односите Косово – Србија, самит кој ќе се организира под покровителство на Франција и Германија, со Европската унија, веднаш штом се создадат потребните услови, се вели во соопштението на косовската Влада.

Курти, од негова страна, ветил дека „Европа нема да доживее изненадувања, бидејќи владата гледа на спроведувањето на реципроцитетот како на ефикасно спроведување на тоа што го содржат договорите од Брисел”.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот