Ефикасна техника на учење: Децата можат да го научат материјалот во 5 чекори

Техниката ЧПЧПП е еден од начините на рационално проучување на четивото. Се состои од пет чекори (текстот е преземен од книгата „Учењето не мора да биде мачење“ на Јорго Кноублач).

1. Чекор Ч – Прочитајте површно

Целта на површното читање е да се добие надобриот можен преглед при преминувањето на деталите. Како да добиете преглед? На крајот на секое поглавје често е дадено резимето. Тоа резиме е мудро да се прочита на почетокот. Потоа да се „прелета“ по четивото. Читајте ги насловите и некаде некоја реченица (особено оние истакнатите, здебелените и сл.). Ако постојат табели и фотографии, добро погледнете ги (често фотографијата прикажува повеќе од она што со зборови може да се искаже).

2. Чекор П – Прашајте се

Добрите т.н. полициски прашања: кој?, како?, каде?, што?, кога?, зошто? Со овој чекор се подобрува концентрацијата и се зголемува мотивацијата.

3. Чекор Ч – Читање

При читањето потребно е да обрнете внимание на неколку работи:
– пронајдете ја главната мисла (она основното за што зборува текстот); тоа е првото ниво при читањето; ако не ја пронајдеш главната мисла, другите нивоа немаат битно значење.
– потцртувајте и означувајте го текстот, препорачуваме употреба на маркер со кој текстот едноставно се истакнува (потцртајте го сето она што треба да се запомни, односно она што е ново, а не она што веќе го знаете, она што при повторувањето сакате да го воочите на прв поглед, немојте да потцртувајте повеќе од она што навистина е потребно).
– активно читајте – самите себе секогаш треба да се потсетувате на тоа дека сакате да го разберете и запамтите прочитаното.

4. Чекор П – Памтење

Кога ќе завршите со читањето, кренете го погледот од книгата и раскажете со свои зборови што сакал да каже писателот. Памтете со пишување белешки на страна, односно прибележете ги сопствените забелешки за главните мисли на работ на страницата. Гласно изговарајте ги мислите. Во повеќе од половина од вкупното време за учење би требало да се позанимавате со чекорите под броевите 2 и 4, односно со прашањата и памтењето.

5. Чекор П – Повторување

Секогаш кога нешто ќе научите, треба прочитаното веднаш да се провери. На тој начин ќе се спречи наученото да се заборави веќе истиот ден. Понатамошните повторувања може да следуваат подоцна. Разумно добро средство против заборавање е повторувањето на четивото во одредени временски периоди: по 2, 8 и 30 дена.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот