Ефес го прекина „владеењето“ на Фенербахче во Турција

Кошаркарите на Анадолу Ефес ја крунисаа одличната сезона со титула во турскиот шампионат. Откако загубија во финалето на Евролигата, кошаркарите на Ефес сепак кренаа шампионски трофеј откако во седмиот одлучувачки натпревар од финалето со убедливи 89:74 го победија
Фенербахче и ја прекинаа доминацијата на лутиот ривал кој во последните пет години, дури четири пати ја освојуваа титулата.

Ова беше прва титула за Анадолу Ефес по пауза од 10 години, а вкупно 14 во клупската историја, додека Фенербахче остана на девет шампиоски титули.

Вообичаено, најефикасен во редовите на Анадолу беше Шејн Ларкин со 38 поени, а Василије Мициќ уфрли 20 поени.  Кај Фенербахче најпрецизен беше Костас Слукас со 21 поен.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот