Едвард Џозеф: Менувањето на границите меѓу Косово и Србија е опасно сценарио

Американскиот експет за Балконот Едгар Џозеф во интервју за Радио Слободна Европа вели дека менувањето на границите меѓу Косово и Србија е опасно сценарио кое нема да го реши спорот во односите меѓу нив.
„Напротив, ќе ја искомплицира ситуацијата, ќе се стави крај на присуството на Србите во јужно Косово, загрозувајќи го статусот на Дечани, Грачаница и другите важни српски средини. Ова веднаш ќе покрене пошироки регионални проблеми, како што е статусот на Санџак и Република Српска “, вели Џозеф.

Сепак, американскиот аналитичар проценува дека во Вашингтон има различни ставови за прашањето за промена на границите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот