ЕДВАЈ ЌЕ ЈА ПРЕПОЗНАЕТЕ: Бремената КИРА НАЈТЛИ прошета на пазар во Лондон без грам шминка (ФОТО)

Profimedia

Актерката го чека второто дете со музичарот Џејмс Рајтон
Британската глумица Кира Најтли (34) папараците ја насликале во Лондон додека купувала овошје, во опуштено издание и без грам шминка.

Била облечена во здолниште, тексас јакна и рамни обувки. Прво зборувала на телефон, а потоа купувала здрави намирници.

На ѕвездата од „Пиратите од Карибите“ ова ќе ѝ биде второ дете со музичарот Џејмс Рајтон, со кого се ванчале во 2013 година, а пред две години ја добиле ќерката Ида.

Искуството на Кира со првото породување било трауматично и за тоа отворено зборувала во нејзиниот есеј кој се занимавал со притисокот на жените да изгледаат совршено по породувањето.

Таа го споредила своето искуство со искуството на Кејт Мидлтон, која само неколку часа по породувањето блескала, а ја родила Шарлот само еден ден откако Кира ја родила Ида.

„Стоиме и гледаме во телевизорот. Излегла од болницата седум часа по породувањето, нашминкана и на штикли. Тоа лице светот сака да го види. Скриј се, скриј ја нашата болка, телата што се распаѓаат… Не покажувај, не зборувај. Стој тука со ќерка ти и остави да те фотографираат куп машки фотографи“, напишала тогаш Кира.

Profimedia
Profimedia
Profimedia

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот