Едвај го убедив Мбапе да остане во ПСЖ

Килијан Мбапе пред завршна одлука, летово во Реал Мадрид или не/Фото: EPA-EFE/Julien de Rosa

Актуелниот менаџер на Арсенал, Унаи Емери, изјави дека еден од најдобрите млади фудбалери на денешницата, Килијан Мбапе уште минатото лето сакаше да премине во Реал Мадрид, но раководството на ПСЖ и самиот тренер успеаја да го разубедат.

– Во еден момент вршевме притисок на него во ПСЖ. Дури разговарав и со неговиот татко, го убедував да остане. Килијан Мбапе сакаше да оди во Реал Мадрид, имаше можност да се пресели во Барселона, но во мислите му беше само „кралскиот“ клуб – изјави Емери за радиото „Кадена Сер“.

Тренерот откри дека притисоците вродиле со плод и Мбапе на крајот одлучил да остане со ПСЖ но тоа дебело го наплати.
– Заедно го убедивме во светлата иднина на ПСЖ и го натеравме да остане. Моравме да го платиме, но тоа беше неопхадно – додаде Емери.

Трансферот на Мбапе во Реал Мадрид повторно се актуелизира откако Зинедин Зидан по втор пат седна на клупата на „кралскиот“ клуб. Се споменува сума од 280 милиони евра кои шпанскиот тим е подготвен да ги плати само за да дојде до младиот напаѓач.

Килијан Мбапе во 2017 година во ПСЖ пристигна од Монако, прво на позајмица, а наредната година го откупи договорот за 180 милиони евра. Мбапе оваа сезона одигра 28 натрпевари во француската Лига 1 и постигна 32 голови со 11 асистенции, за што беше прогласен за МВП на сезоната.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот