Едукативниот караван на ДИК ја посети цела држава

Фото: МИА

Едукативниот караван на Државната изборна комисија (ДИК) што траеше во изминатите две недели заврши, а посети вкупно 15 градови и тоа Велес, Штип, Кочани, Кавадарци, Прилеп, Битола, Тетово, Гостивар, Охрид, Струга, Струмица, Куманово, Гевгелија, Вевчани и неколку општини во Скопје, покривајќи што поголем број на гласачи на територијата на државата, информираат од ДИК.

Оттаму посочуваат дека ДИК во пресрет на Претседателските избори 2019 и во склоп на кампањата „Глас по глас” одлучи на ваков пристап до граѓаните со цел директна комуникација.

– ДИК во текот на кампањата со граѓаните сподели информации за нивните права, ги информираше за методите на гласање, едуцираше за значењето и одговорноста на гласот, и ги посочи забраните кои постојат на гласачките места. Овој начин на комуникација со граѓаните помага вистинската информација да дојде до секој гласач и да се надминат недоразбирањата во јавноста. Индивидуалниот пристап овозможи на ДИК до детаљ да ја пренесе сржта на кампањата „Глас по глас” потенцирајќи дека секој глас значи остварување на демократијата во државата, се вели во соопштението од ДИК.

За граѓаните кои не успеаја да се информираат за своите интереси и права, од ДИК посочуваат дека тоа може да го направат со посета на официјалните социјални медиуми на ДИК (на Фејсбук фан страната и на Твитер профилот), но и на нивната официјалната веб страна.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот