Едукација за правилно постапување со отпадот во Кисела Вода - Слободен печат
ВестиСкопје

Едукација за правилно постапување со отпадот во Кисела Вода

Граѓаните беа едуцирани дека според Законот за јавна чистота, отпадот не смеат да го одлагаат на јавни површини.

ЈП „Комунална хигиена“Скопје спроведува едукативни активности на локациите каде што континуирано се создаваат диви депонии, како резултат на неправилното одлагање на отпадот од страна на граѓаните.

На улицата Димо Хаџи Димов, во општината Кисела Вода, вработените во Еко-патролата и одделенијата за Едукација, Квалитет и развој и Професионална одговорност при ЈП „Комунална хигиена“Скопје, денеска реализираа едукативна акција за правилно и совесно постапување со отпадот.

Граѓаните беа едуцирани дека според Законот за јавна чистота, отпадот не смеат да го одлагаат на јавни површини и информирани за можноста електронската, електричната опрема и застарениот мебел бесплатно да го депонираат во центрите за селекција на отпадот во Карпош и во Вардариште.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Слични артикли

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close