Едукација во Чаир за правилно постапување со отпадот

ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје денеска реализираше едукативно-информативни активности на улицата Џон Кенеди, во општината Чаир. Активностите ги спроведоа Еко-патролата и одделенијата за Едукација, Квалитет и развој и Професионална одговорност, коишто ги информираа граѓаните за правилното постапување со комуналниот, кабастиот и градежниот отпад.

На настанот присуствуваа директорот на ЈП „Комунална хигиена“-Скопје, Абдусамед Шабани и градоначалникот на општината Чаир, Висар Ганиу.

– Ја избравме токму оваа локација за спроведување на едукација на граѓаните, затоа што нашите екипи во овој реон постојано се соочуваат со неправилно одлагање на отпадот. Ги повикуваме сите чинители во процесот на одржување на хигиената во градот Скопје – граѓаните, но и инспекциските служби при Градот и општините, сите заедно да придонесеме за заштитата на нашата животна околина – изјави директорот на ЈП „Комунална хигиена“ –Скопје, Абдусамед Шабани.

Екипите на ЈП „Комунална хигиена“-Скопје, во текот на денешниот ден реализираа и генерална акција за чистење општината Чаир, при што беше извршено рачно и машинско метење и миење на булеварите и улиците. Во рамките на акцијата беа отстранети приближно 50 кубни метри отпад од диви депонии, а се спроведе и рачно миење на поголемите џамии во оваа скопска општина.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот