Едуар Филип: Одлуките на Турција и САД за Сирија ќе донесат заживување на Исламската држава

Фото: Принтскрин

Францускиот премиер Едуар Филип, смета дека одлуките на Турција и САД во врска со Сирија ќе имаат сериозни последици за регионот и дека нивните постапки неизбежно ќе доведат до заживување на терористичката Исламска држава во Сирија и Ирак.

Филип, одговарајќи на прашања од пратениците, рече дека таквото сценарио ќе биде „погубно“.

Францускиот премиер го обвини Вашингтон дека дозволува и ја зајакнува турската офанзива со тоа што реши да повлече 1.000 американски војници од Сирија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот