Едо Мајка заврши во болница: Докторите го задржале на испитувања

Фото: Инстаграм

Раперот Едо Мајка во саботата требало да настапи на затварање на Фажан Медиа Фест во Хрватска, но поради здраствени проблеми неговиот концерт бил откажан.

  • Се извинуваме на сите кои заедно со нас го чекаа вечерашниот концерт на Едо Мајка и неговиот бенд. Едо пред малку ни се јави од болница каде го однеле откако му се слошило. Докторите му забраниле патување и го задржале на испитувања – напишал организаторот на социјалните мрежи.

Инаку раперот е миленик и на македонската публика. Тој повеќе пати гостувал во Скопје и низ градовите и токму поради тоа тој секогаш има само пофални зборови за нашата земја.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот