Едноставно најдобри: Петта шампионска круна на Вардар во СЕХА лигата

Ракометарите на Вардар во своето седмо финале во СЕХА-лигата успеаја да го одбранат трофејот во ова натпреварување и по петти пат да ја подигнат титулата. Втора сезона по ред во големото финале, вардарци успеваат да го надиграат Загреб и да слават со резултат 23:26.

Натпреварот изобилуваше со груби стартови, а дамка во првиот дел беше повредата на Дисингер, кој по еден старт на Поточник лошо падна со левиот лакт на теренот, по што мораше да биде изнесен од теренот.

Тимот на Парондо го доби првиот дел со 14-12, а шокот од повредата на својот соиграч беше очигледен кај црвено-црните кои дозволија на стартот од второто полувреме Загреб да изедначи. Во последните десет минути македонскиот првак создаде четири гола предност кои успеа да ги сочува до крај и да слави.

Кристопанс постигна 7 голови, додека Скубе и Дибиров постигнаа по 5 гола. Милосављев на голот имаше 9 одбрани.

Мешков Брест пак го освои третото место. Во малото финале во Брест, домашната екипа беше подобра од Нексе Нашице со 19-24.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот