Едноставно мора да го пробате: Вистинско време е за еден добар куглоф од костени

Фото: Профимедиа

Куглофот некогаш претставуваше неизбежен дел од трпезата, додека денес главно служи како десерт. Ако планирате да го ставите на својата трпеза во текот на претстојните празници, но и во овие есенски денови, нашата препорака е да го пробате куглофот од костени.

Парче од овој совршен деликатес ќе ви го поправи денот на најдобар начин. И навистина, нема подобра идеја од шоља топол чај или какао и ароматизиран коглоф со костени, да го заокружите напорниот ден. Или да го започнете…

Потребни состојки

  • 125 г путер
  • 150 г шеќер
  • 3 јајца
  • 300 г пченично брашно
  • 50 г мелени бадеми
  • 200 мл млеко
  • 150 мл слатка павлака
  • 250 г пире од костени
  • 1 ванилин шеќер
  • 1 прашок за печиво
  • 1 лажичка цимет
  • 50 г темна чоколада

Подготовка

Измешајте ги пирето од костени, слатката павлака и млекото. Пенесто изматете го путерот со шеќерот, додавајте ги јајцата едно по едно, а потоа во смесата рачно додавајте го брашното, ванилиниот шеќер, прашокот за пециво, циметот, мелените бадеми и пирето од костени со млеко и павлака.

Добро измешајте ги состојките и разлејте ги во калапче коешто претходно сте го премачкале со путер и сте го наросиле со презла или брашно.

Во кугловот додадете исецкано црно чоколадо, промешајте со лажица и ставете го кугловот да се пече. Печете околу 50 минути, во рерна загреана на 180 степени. Испечениот куглоф најпрво почекајте добро да се излади, а потоа може да го декорирате по желба, на пример со шеќер во прав, какао или пак стопено чоколадо.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот