Едноставни рецепти: Три брзи начини како да ослабнете со помош на топла вода

вода
Фото: Unsplash

Веројатно многумина од вас биле на диета барем еднаш во животот, сакале да го забрзаат метаболизмот и да го поттикнат преработувањето на храната. Веројатно многумина од вас можат да се пронајдат во сценариото – секој понеделник нова диета.

Водата го намалува апетитот, го забрзува метаболизмот, го олеснува вежбањето и придонесува за нивна поголема ефикасност – ова се само дел од многубројните придобивки од пиењето вода.

За да ви го олесниме процесот на топење на вишокот килограми ви донесуваме три рецепти со топла вода готови речиси за миг…

Пијалак број 1

Наутро: Ви помага со губењето на тежината и го поттикнува метаболизмот со чаша топла вода:

– 2 лажици исцеден лимон;

– лажица мед.

Пијалак број 2

Наутро и навечер: Го стабилизира шеќерот во крвта, дава чувство на ситост и го намалува гладот:

– чаша топла вода;

– лажичка цимет;

– лажица мед;

Пијте половина чаша наутро на празен желудник и половина во вечерните часови по јадење.

Пијалак број 3

Еднаш во текот на денот: Ги намалува потребите за слатко и го поттикнува варењето;

– чаша топла вода;

– лажица исцеден лимон;

– 1 лажица мед;

– 1 лажичка цимет.

Совет плус: Водата нека биде топла, односно доволно изладена (не врела), за да можете нормално ја пиете. Ако не ви се допаѓа некоја од овие состојки, можете да пиете и топла зовриена вода (откако малку ќе се излади). Не може ништо од ова да ви наштети, бидејќи сите состојки се природни и имаат здравствени придобивки за организмот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот